Каракамишева: Историска шанса на Управниот суд да застане во одбрана на правната држава

karakamisheva

Толку излеговме од Уставот, толку излеговме од законите, буквално правната држава ние ја обезличивме. Комплетно ја распаднавме. Ние мораме да ги собереме работите назад ако сакаме да си ја зачуваме Република Македонија како правна држава, рече во гостувањето на ТВ Нова универзитетската професорка Тања Каракамишева.

Според професорката Каракамишева, успеаја притисоците од СДСМ и од надвор да се канонадира правната држава.

„Имаше многу работи коишто беа надвор од било какви правни процедури, правни, законски норми, спротивно на Устав итн., но заради притисокот политичките партии се убедуваа меѓу себе да воспоставуваат некои хибридни решенија кои ги нема никаде во светот. И токму затоа сега велам: Управниот суд има историска можност, историска шанса, да застане на она што е право, да застане во одбрана на изборниот законик и во одбрана на правото и да почнеме, да ја свртиме новата страница на правната држава, затоа што вака како што сме кинисале, работите не одат на арно и нема да завршат на арно“, децидна е Каракамишева.