Каракамишева: Политичарите мораат да водат сметка на политичкиот вокабулар

Се надевам дека вжештеноста нема да ги удри во глава политичарите до крај, затоа што политичарите мораат да водат сметка и на политичкиот вокабулар којшто го користат, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова универзитетската професорка Татјана Каракамишева.

„И покрај тоа што секоја политичка партија пред избори сака да внесе поголем жар во кампањата и сака да даде што е можно повеќе ветувања за да зграби што е можно повеќе гласови, сепак мора да се води сметка за квалитетот, но и за стандардот на изборната кампања, во смисла на тоа да не биде премногу негативна, премногу валкана и премногу полна со фрази, со тези, со концепти кои во моментов не се прифатливи за мнозинството граѓани на Република Македонија“, рече Каракамишева.

Професорката Татјана Каракамишева гостува во Отвореното студио на ТВ Нова со Бојана Димитријевска во кое се разговара за претстојните избори на 11 декември.