Каракамишева: Во согласност со Уставот може да има само еден мандатар, нема резервен или втор

karakamiseva

На изборниот победник мора да му се остави толку време колку што му е потребно за да се договори владина коалиција што ќе одговара на изборните резултати, нагласува професорката Тања Каракамишева.

Никаде во уставот не е наведено дека претседателот на државата треба мандатот за формирање на владата да му го додели на друг мандатар доколку мандатарот на партијата што освоила најголем број гласови не успее да состави влада.