ЌЕ ДОБИЕ ВИСОКА ДРЖАВНА ФУНКЦИЈА: Жерновски замина во СДСМ

Градоначанлникот на Општина Центар, кој до пред неколку години ја предводеше партијата ЛДП, денеска на Фејсбук објави дека одлучил да биде дел од владејачкиот Социјалдемократски сојуз, а во договор со лидерот Зоран Заев, тој ќе добие висока функција во власта.

„Почитувани граѓани на Општина Центар, драги соборци и пријатели. Како одговорен човек и политичар, секогаш ќе ги ставам единството и напредокот пред личните интереси. Затоа ја повлекувам независната кандидатура и давам целосна поддршка на партијата во новата битка која ни претстои. Во договор со премиерот Заев, одлучив да ја продолжам кариерата на висока раководна позиција во централната власт и да станам дел од партијата која тој ја предводи. Со него имам одлична соработка и голема меѓусебна доверба и почитување. Токму затоа и решив да ја прифатам неговата понуда и заедно да продолжиме во нови победи. Сакам да Ве уверам дека останувам посветен на Општина Центар и соработката со Вас“, напиша Жерновски на својот профил на социјалната мрежа.

Истата одлука ја соопшти и Зоран Заев при гостување на телевизиска емисија, вчера.