Клековски: Излез од ситуацијата се нови избори

Кога се изедначени силите, пат позиција, има реми. А кога има реми има нов меч, рече во „Аргументи“ политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

„Мислам дека порано или подоцна излезот од оваа ситуација се нови избори, кои најверојатно треба да бидат спроведени од влада која ќе биде заеднички договорена меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, изјави Клековски.

Во вечерашното издание на „Аргументи“ со Љубиша Николовски насловено „Народ за народ – власт за власт“ гостуваат универзитетскиот професор Ило Трајковски и политичкиот аналитичар Сашо Клековски.