Kлековски: Многумина би биле среќни ако победи Трамп

Многумина кои живеат надвор од Америка и страдаат поради американското влијание би биле среќни ако победи Доналд Трамп, со оглед на тоа што тој ветува дека ќе ги редефинира општите американски политики, смета аналитичарот Сашо Клековски кој гостуваше во специјалното отворено студио на ТВ Нова посветено на изборите во САД.

„Во овој случај може да има промени кои ќе се рефлектираат не само врз внатрешната состојба во Америка, туку и врз надворешната. Трамп виде луѓе кои сакаат ѕид, не сакаат НАТО, сакаат да се затворат. Многумина надвор од Америка, кои страдаат поради американското влијание би биле среќни ако победи Трамп, бидејќи Трамп ветува дека ќе ги редефинира општите американски политики. Тој смета дека НАТО е трошок за Америка“, истакна Сашо Клековски.

Сем Вакнин заедно со Сашо Клековски и Даниел Стојановски гостуваше во „Специјалното Отворено Студио“ на ТВ Нова посветено на американските избори за претседател.