Колку собраа и колку потрошија партиите во првиот дел од кампањата?

Политичките партии кои одат на избори ги објавија своите сметки согласно законскиот рок на половина од изборната кампања.

Според првиот финансиски извештај доставен до државната изборна комисија СДСМ собрала најмногу пари наменети за кампањата, од 194 донации и членарината, на сметката легнале околу 536 200 илјади евра. Највисоки суми донирале кандидатите за пратеници Бетание Китев и Рената Десковска, по околу 3000 евра. Донирале министри, градоначалници, пратеници, на некои од донаторите името им се јавува и по неколку пати, впечатливо е дека ги нема истурените членови на опозицијата кои беа дел од минатиот парламентарен состав, но како донатори стојат Павле Богоевски од Шарената револуција и Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум. СДСМ во првиот дел од кампањата потрошле околу 320 584 илјади евра, најмногу за реклами.

Иако повеќе донатори 427, сепак ВМРО ДПМНЕ собрале помалку пари споредбено со СДСМ или 121 035 илјади евра. Но, владејачката партијата потрошила два пати повеќе од опозицијата или околу 715 983 илјади евра и тие најмногу за реклами. Најмногу донирал партискиот секретар Кире Божиновски со околу 89 000 илјади денари, Митко Чавков и Трајко Вељановски со по 45.000 денари, на листата донатори се поранешни и актуелни министри, пратеници, градоначалници.

Никој од челниците на ДУИ не донирале во првиот дел од изборната кампања, најмногу пари на сметката на интегративците леггнале од фирмата Голец Транс од Тетово повеќе од 29 000 илјади евра. Партијата според извештајот има донации од 128 350 илјади евра, а потрошила 86 907 илјади евра со што во првите 10 дена од кампањата е во позитивно салдо од околу 41 илјада евра.

Лидерот Мендух Тачи пак најмногу донирал за изборната кампања на ДПА, 2850 евра. И на оваа партија и останале пари на сметката. На сметката од донации собрале 9800 евра, а потрошиле 7000 евра.

Пандорче Антеска