Конференција на МОСТ „Одвојување на државата од политичките партии“

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска организира конференција на тема „Одвојување на државата од политичките партии“ во рамки на  проектот „Патоказ кон демократски реформи“.

– Целта на конференцијата е да ја подигне свеста на граѓаните и јавната администрација за важноста на одвојувањето на државата од политичките партии, преку дискусија за меѓународните вредности, стандарди и принципи, одредбите од Уставот на РМ, како и воспоставените практики на засегнатите страни, соопшти МОСТ.

На конференцијата ќе говорат меѓународни и домашни експерти од оваа област.