Конференција „Рамковни договори за партнерство со Европската комисија“

Дискусија за прашањата поврзани со општиот развој на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција и препораки за понатамошни подобрувања во однос на граѓанските организации и нивните мрежи, е целта на конференцијата „Рамковни договори за партнерство со Европската комисија“ која денеска ќе биде отворена во Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат Лиселот Исаксон, раководител на сектор при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, одделение за регионална соработка и програмирање за Западен Балкан и Никола Бертолини, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Регионалните мрежи на граѓански организации, кои ги завршија своите проекти структурирани како Рамковни договори за партнерство (FPA – Framework Partnership Agreements) со Европската комисија, ќе ги презентираат своите резултати.

Конференцијата е во рамки на Техничката поддршка за граѓанските организации (ТАКСО), регионален проект финасиран од ЕУ.