Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата- ќе се објават листите со кандидатите за пратеници

Денеска со почеток во 15 часот ќе се одржи Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, каде што ќе се објават листите со кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

На оваа конвенција во Метрополис Арената, свое обраќање ќе имаат носителите на изборните единици и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.