Костов: Договорот воопшто не ѝ е потребен на Македонија

Тешко дека ние имаме заеднички стремеж со Бугарија – ние имаме да си ја одбраниме татковината, нацијата, државата, името, јазикот, а тие сѐ ова пола да негираат, а другата половина народски кажано да ја поробат или како тие што велат, да си вратат, рече во Отвореното студио на ТВ Нова аналитичарот Сотир Костов.

-Ова е наметнат договор, ова е договор под уцена, повеќе ѝ треба на Бугарија, а воопшто не ѝ треба на Македонија, бидејќи од Љубчово време досега Декларацијата си стои, ние полека ја подзаборавивме, ама декларацијата не обврзува. Да не заборавиме дека договорот кога ќе се ратификува и кога ќе се пријави во Обединетите нации – обврзува, вели Костов.

Костов исто така децидно тврди дека во договорот има само великобугарски интереси, а македонските интереси се непостоечки.