Костов: Генерално договорот за добрососедство е штетен и е против Македонија

Генереално договорот е штетен и е против Македонија, против нашиот идентитет и претставува превреднување на сите вредности, оцени аналитичарот Сотир Костов.

„Некој сака да ни ги превреднува вредностите што сме ги граделе години и векови. Некој сака да ја стави историјата во функција на тоа да биде служалка на политиката. Во дилема сум, дали да се копа по старите рани или да се поттиснува вистината за нешто?  Ако го направиме и едното и другото го губиме образот. Што ќе славиме на 11 октомври и ќе славиме ли АСНОМ после овој договор? Бугарите сакаат тие да ни кажат што да учиме во учебниците и што да мислиме за нашите дејци и револуционери“, смета Костов.