Костов: Клинтон на Балканот му донесе само војни и поделби

Изборите во САД се многу комплицирани, на неколку пати се ободував да ги проучувам. Оваа кампања од една страна,  од онаа понесериозната, политикантската страна на политиката е најинтересна, а од суштинската страна овие избори се најнеинтересни, вака политичкиот аналитичар Сотир Костов ги опиша изборите во Америка.

„Квалитетот на кандидатите е доста слаб. Ако се прашувам, лично јас сакам Трамп да победи. Потребен и е на Америка еден Трамп. Клинтон е традиција, веќе е позната за Балканот и не ни донесе ништо добро освен војни и поделби. Во Америка работите се менуваат од ден за ден. Клинтон водеше, Трамп се доближи, па ФБИ се замеша како пандан на СЈО на Катица Јанева. Сето тоа е режирано, да се даде сјај на нешто што нема суштина. Вистинските избори завршија со Реган. Ова сега е карневал, но народот се забавува“, истакна Костов.

Сотир Костов заедно со новинарката и аналитичарка Јасмина Мирноски гостуваше во „Аргументи“ на ТВ НОВА.