Костов: Новинарите во Америка се политички определени

Следејќи ја американската предизборна кампања сведоци бевме на тоа дека најголемите новинарски куќи јавно кажуваат кого поддржуваат на претседателските избори. Клинтон имаше многу поголема поддршка од страна на новинарите кои јавно ја поддржаа, зошто е тоа така?

„Еве доказ што ни се прави. Нас, Македонците нè тераат ниту еден новинар и ниту еден медиум да не го кажат својот став и партиски да се определат, но во најголемата држава во светот тоа не е така. Медиумите во САД имаат традиција во однос на тоа кого поддржуваат. Клинтон не е од вчера, има силни лоби групи зад неа, се претпоставува дека припаѓа на фамилија веќе докажана во американската политика, имаше два мандата. Како државен секретар почна добро, строго. Американците ја сакаат таа реторика во поглед на војните, па затоа не ги стопираа војните во Либија, Сирија… “, смета аналитичарот Сотир Костов.

Тој иако истакна дека лично е поддржувач на Трамп, сепак смета дека неговиот фаворит ќе ги загуби изборите.

„Веќе гласаа некои 50 милиони луѓе и Трамп губи со 5 посто, а тоа од моето искуство покажува дека Трамп ќе ги загуби престојните избори. Трамп нуди радикални промени, одбивен е за латино-американците и други заедници, и со самото тоа губи многу гласови, што може да бидат одлучувачки“, додаде Костов.

Сотир Костов заедно со новинарката и аналитичарка Јасмина Мирноски гостуваше во „Аргументи“ на ТВ НОВА.