Костов: Треба да ја зајакнеме дипломатијата, но не со свиткан ‘рбет

Треба да ја зајакнеме дипломатијата, но не  ‘рбет, истакна аналитичарот Сотир Костов говорејќи за актуелните случувања на надворешен план.

„Трпението беше големо, ако сме искрени кон самите себе, факт е дека ние по Лисабонската декларација не постоиме за некои европски и светски авторитети. Сметам дека фокусот да го свртиме од Обединетите Нации (ОН). Ние сме примени во ОН како државотворен елемент, иако како федерална единка. Треба да се освестиме и да ја зајакнеме дипломатијата, но не со свиткан рбет“, истакна Костов.

Костов гостуваше во „Отворено студио“на ТВ НОВА, на тема „За или против одбрана на македонизмот и македонскиот јазик“.