Македонците од Торонто утре на протест против тиранската платформа

Здружение на Македонци од Торонто закажа собир во знак на протест против тиранската платформа за недела, 2 април. Собирот, според поканата, ќе се одржи пред легислативната зграда на државата Онтарио, во паркот Квинс во Торонто со почеток во 13 часот.

„Македонската заедница од целиот свет е обединета и со еден глас ја отфрла тиранската платформа и отфрла било какво странско мешање и интервенирање во суверенитетот на државата. Република Македонија е независна држава и никој нема право да се меша во нејзините внатрешни прашања“, пишува во најавата.

Во текот на изминатиот месец слични собири на Македонци кои протестираат против платформата од тирана се одржаа во поголем број престолнини низ светот.