Марковиќ: Резултатите од изборите досега не се разликувале од анализите

Едно се бројките, друго се предвидувањата, трето се рејтинзите и четврто се она што ќе излезе на денот на изборите, иако тоа не се разликувало до сега драматично од рејтинзите кои биле објавувани од посериозните аналитички центри. Ме потсетуваат моите колеги конституциалисти чисто дека не е победник на изборите оној кој ќе освои многу гласови, туку оној кој направи влада, е сега тоа може да значи многу работи. а може и да не значи ништо на 11 декември.

– Основната теза која во последно време ми се врти во глава и редовно ја кажувам е дека мене во принцип овие избори ми изгледаат на избори во кои сите ќе загубат. Ќе загубат од проста причина што мислам дека двете најголеми партии нема да ја остварат целта, успехот да има апсолутно мнозинство. Оној еден глас кој го имаше ГРОМ на Стефче мислам дека Груевски нема да го повтори на овие избори во таа смисла веројатно таа комотна позиција во која се наоѓа ВМРО ДПМНЕ ќе биде значително загрозена од друга страна како што стојат рејтинзите во овој момент, тие не се менуваат драматично за време на кампања кај нас, кажа политикологот Ненад Марковиќ.

nenad-markovik

Според Марковиќ, опозицијата има многу малку време за да ја намали разлика која ја има во рејтингот со владејачката партија, но исто така вели дека граѓаните на Република Македонија уште пред кампањите одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас.

– Кампањите кај нас немаат некој особен ефект, но да видиме дали ќе не изненади овој пат нешто не предвидено. Веројатно разликата која постои сега за сега во рејтинзите ќе остане иста, опозицијата има многу малку време да ја намали разликата и таа тешко се надокнадува во регуларна кампања, затоа што гласачите многу пред почетокот на кампањата или најголем дел од нив веќе се одлучени за кого ќе гласаат. Се зависи од гласачите и нивното расположение кое ќе го имаат на 11 декември, истакна политикологот Марковски.

„Како до изборите, што по изборите“ е вечерашната тема на емисијата „Аргументи“ на Љубиша Николовски која се емитува на фреквенцијата на Телевизија Нова. Гости во студиото се политичкиот аналитичар Сашо Клековски и политикологот Ненад Марковиќ.