МАСИТ ФОРУМ: Иновативни решенија и тренодви во секторот на информатички и комуникациски технологии

На 26 и 27 септември оваа година во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се оддржи дводневен МАСИТ ФОРУМ за регулатива на работните односи и пазарот на трудот во рамки на ИКТ секторот и конференција за ИКТ за иновативни решенија и тренодви во секторот на информатички и комуникациски технологии.

Иновативни решенија и предлози за подобрување на регулативата во ИКТ секторот.
Управниот одбор на МАСИТ ќе ја прати оваа порака на форумот кој идната недела ќе се одржи во Скопје..

Помошник директорот на Секторот за политики за млади од Северна Ирска, Mајкл Гоулд за Тв Нова изјави дека му е чест што ќе биде дел од овој форум и ќе го сподели искуството на Северна Ирска за соработката изминатите 10 години меѓу Владата,приватниот сектор и Академијата.

Оваа конференција е организирана од МАСИТ со поддршка од министерството за економија .Форумот е отворен за претставници од ИКТ компаниите, други сектори, институции и организации.

 

Мери Ѓорѓиевска