Министерот за дијаспора на средби со дијаспората

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, денеска и утре во повеќе места низ Македонија ќе одржи средби со граѓаните кои живеат и работат во странство.

Целта на овие средби, информираат од Кабинетот на Адеми, е подобрување на комуникацијата помеѓу македонската дијаспора и државните институции, но и создавање на Национална стратегија која ќе биде базирана врз реалните потреби на дијаспората.

Министерот Адеми денеска ќе има средби со иселениците од Дебреште и Крушево, а утре во Ростуше, Центар-Жупа и Дебар. Во Дебар министерот Адеми ќе ја посети и организацијата Центар за одржлив развој на заедницата Дебар.