Миноски: СДСМ да се откаже од тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ најавува поддршка за економската програма на СДСМ доколку, како што рече членот на ИК на партијата Кирил Миноски, СДСМ се откаже од тиранската платформа.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со денеска презентираната економска програма се обидува да го дефокусира вниманието, од прифаќањето на тиранската платформа, којашто, потенцира Миноски, значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија.

Економската програма на СДСМ, наведе Миноски, е добро позната за граѓаните на Република Македонија. – Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38 проценти. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство. Дури и ваквата економска програма на СДСМ ќе биде поддржана доколку одлучно се откаже од прифаќањето на тиранската платформа, којашто значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија, рече Миноски.