Миронски: Интересот за претседателските избори во САД е огромен

Дефинитивно сметам дека интересот годинава за претседателските избори во САД е огромен, секогаш бил. Америка е моќна земја, број еден во светот и нормално дека интересот е огромен, затоа што нејзината политика и она што се случува таму на највисоко ниво се пресликува на глобален план, тоа е факт.

– Секако, тргнувајќи од тоа дека светот будно следи што се случува на политичката сцена во Америка, но годинава несомнено дека интересот за тоа што се случува таму и не само што се случува туку и начинот на кој се следи изборната кампања од почетокот, па еве, до самиот нејзин крај, е огромен и кај нас и во светската јавност. Исто така и во регионот, би рекла, затоа што следејќи што и како се пишува по регионот, дефинитивно има огромен број на анализи за и против двајцата познати кандидати, Трамп и Клинтон, смета Миронски.

Миронски смета дека интересот е огромен поради тоа што за прв пат во трката за претседател во САД имаме жена, но и бизнисмен од провиниенција каква што е Доналд Трамп:

– Мислам дека пред се тоа е така затоа што имаме една невообичаена ситуација во САД. Во моментов имаме прв пат жена кандидат претседател, имаме прв пат бизнисмен кандидат претседател од такви провиниенција каква што е Доналд Трамп. Имаме негово шаренолико минато, зачинето со различни вистински или не, секс моменти, од другата страна имаме различен “секс“ од страната на Хилари Клинтон, но пазете, тоа луѓето денеска го сакаат, тоа луѓето сакаат да слушаат во светот, заклучува Миронски.