Муслиу: Претпоставувам едно од најспорните прашања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ било прашањето за СЈО

Веројатно статусот на СЈО било прашањето околу кое најмногу „се кршеле копјата“ изминативе денови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, смета аналитичарот Алберт Муслиу.

„Мислам дека додека се одвивале преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, голем дел од прашањата биле надминати, а останале неразјаснети неколку клучни прашања. Претпоставувам едно од спорните е она за СЈО и ставовите не само на ДУИ, туку и на нивните двајца партнери од платформата кои се залагаат за тоа во идната Влада да не учевствуваат оние кои се под истрага на СЈО. Мислам дека овие две прашања се оние кои биле најспорни“, смета Муслиу.

Алберт Муслиу и Владимир Божиновски гостуваа во „Аргументи“ на ТВ НОВА на тема „Кој пат води до нова Влада?“