Муслиу: Статистиките не секогаш се точни

Ако во една демократска Америка што ги измислила статистиките, може да се погреши, може и тука, истакна аналитичарот Алберт Муслиу говорејќи за очекувањата и изборните резултати.

„ Имаме барем две анкети што се сметаат во мандати. Кај нас по 5.000 гласа распоредени во 5 единици можат да значат 10 пратеници. Мислам дека двете политички партии ќе се вртат сите околу 50-ката. Кој ќе биде победник не знам, но не верувам дека разликата ќе биде голема“, смета Муслиу.

Оваа недела во ОКО со Горан Петрески се зборуваше за изборните ветувања и очекувањата од резултатот. Гости во програмата беа политичките аналитичари Виктор Грозданов и Алберт Муслиу, понатаму  Владимир Божиновски, професор од правен факултет и Љупчо Цветановски, новинар во ТВ АЛФА.