Муслиу: Трамп е сосема спротивен од американската политичка традиција

Се работи за избран претседател на најголема воена и економска сила, а секое  претседателствување во Америка генерира некоја промена во светот. Овој избор е малку покарактеристичен затоа што се работи за прв претседател после Вашингтон кој немал државна функција. Он е прв кој не бил во тие институции и е њујоршко дете, он е само развиен бизнисмен и е гигант и е прилично познат во Њујорк, истакна Муслиу во Отвореното студио на ТВ Нова.

Политичкиот аналитичар смета дека Трамп е сосема спротивен од досегашната американска политичка традиција:

– Американската политичка традиција има некои други правила во кои тој не се вклопува. Во Америка ако сте млад, перспективен, интелигентен и сакате да се бавите со политика и сакате да станете претседател вашите обврски и однесување почнуваат уште во средното образование, а Трамп е дефинитивно спротивното од тоа. Тој е шоумен, тој е проактивен и е директен. Баш затоа и анкетите покажуваат тоа што го покажуваат, не се изненадивме само ние, се изненадија многу порелевантни институции во Америка, дури и самите Републиканци, но баш поради тој начин на негово само промовирање имаше проблеми со самата неговата партија. Знаеме дека битни политички фигури не го поддржаа, смета Муслиу.

bojana-otvoreno-studio

Темата на вечерашното Отворено студио со Бојана Димитријевска е „Американците го избраа Трамп“, а гости во студио се универзитетскиот професор Иванка Додовска и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.