Напаѓачот на села нападнат во затворот „Скопје“

Кире Ѓорѓиевски, еден од напаѓачите на пратеникот Зијадин Села за време на „крвавиот четврток“ во собранието, е нападнат во притворскиот дел од затворот Скопје. Како што дознаваме  еден од притворениците, Албанец, чиј идентитет не го откриваат надлежните во затворот во Шуто Оризари, при разминување го удрил Ѓорѓиевски го глава, кој потоа побарал медицинска помош.

Инцидентот го потврдуваат и од Управата за извршување санкции при Министерството за правда и од затворот „Скопје“. Нападнатиот притвореник бил прегледан од лекар, по што бил упатен на дополнителни проверки на скопските клиники.

Случајот е пријавен во полиција, во затворот увид извршиле дежурен обвинител и полициска екипа.

Кире Ѓорѓиевски, заедно со уште три лица беа идентификувани на собраниските снимки како го влечат пратеникот и претседател на  движење за реформи – Демократска партија на Албанците, Зијадин Села низ собраниските ходници, на 27 април годинава.