Не возете накај влада: „Илинденска“ затворена поради митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради предизборен митинг вечер, од 22 часот до сабота, до 2 часот изутрината, во двата правца ќе биде пренасочен сообраќајот на булеварот „Илинден“.

Пренасочувањето е на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“.  Сообраќајот ќе се одвива по булеварот „Илинден“,  десно по булеварот „Св. Климент  Охридски“ и по булеварот „Гоце Делчев“ и лево по булеварот „ВМРО“