Нема притвори досега- Kривичниот суд со официјално соопштение

Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението преку овој суд до Апеалциониот суд.

Во однос на предлозите од СЈО кои веќе се распоредени и се во работа пред Кривичните совети од одделението за Организиран криминал и корпуција, по писмена изработка на одлуките и нивно доставување до странките, јавноста ќе биде дополнително информирана во текот на утрешниот ден.

Постапувајќи по предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), Кривичниот совет од одделот кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по детална анализа на фактите и доказите приложени во предлозите, во законски утврдениот рок, донесе решенија со кои :

1. Предлогот на СЈО со НСК-КО.бр.8/17 од 29.06.2017 година, поврзан со предметот во јавноста познат како „Тифани“, за определување мерки за претпазливост против И.Т. заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – Даночно затајување од член 279 ст.2 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ, го уважи предлогот и определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

2. Предлогот на СЈО со НСК – КО. Бр. 10/17 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Тревник“, за определување мерки за претпазливост против З.П. и С.П.заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а ст.1 од КЗ, го уважи предлогот и спрема двајцата обвинети определи мерки за претпазливост и тоа – Обврска на обвинетите секој работен понеделеник во месецот да се јавуваат кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница.

3. Предлогот на СЈО со НСК – КО. Бр. 7/17 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Тотал“, за определување мерка притвор против Д.П.-Л. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Даночно затајување од член 279 ст.2 в.в со ст.1 в.в со ст.45 од КЗ, се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му определи мерки за претпазливост и тоа –Обврска на обвинетиот секој работен понеделеник во месецот да се јавува кај надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје; Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и Забрана за преземање на определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

4. Предлогот на СЈО со НСК – КО.бр. 1/16 од 29.06.2017 година поврзан со предметот во јавноста познат како „Титаник“, за определување мерка притвор против Е.А. заради основано сомнение дека сторил кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.1 од КЗ, и И.Г. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Уништување на изборен материјал од член 164 ст.3 в.в ст.2 и ст.1 од КЗ, се одбива како неоснован.

5. Предлогот НСК – КО.бр. 2/16 од 29.06.2017 поврзан со предметот во јавноста познат како „Тортура“. За определување мерки за претпазливост против И.А., Н.С.,Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. заради основано сомнение дека сториле кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување од член 142 ст.1 в.в чл 22 од КЗ, го уважи и на обвинетиот И.А., му определи мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и Забрана обвинетиот да се приближува или воспоставува односно одржува врски со друго лице, наведено во решението. Додека на останаите наведени обвинети им определи мерка за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен петок во месецот да се јавува на надлежно службено лице во Основниот суд Скопје 1 – Скопје

Против овие решенија дозволено е право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението преку овој суд до Апеалциониот суд.

Во однос на предлозите од СЈО кои веќе се распоредени и се во работа пред Кривичните совети од одделението за Организиран криминал и корпуција, по писмена изработка на одлуките и нивно доставување до странките, јавноста ќе биде дополнително информирана во текот на утрешниот ден.