Ниски температури – препораки на надлежните

Со промената на времето и продорот на поларен бран низ државава многу родители се исплашија и не ги пуштаат своите деца надвор од страв дека побрзо и полесно ќе се разболат.

Додека  парковите и игралиштата се празни, а децата се повеќе си играат дома или во игротеки кадешто поради затворениот простор, ги демнат вирусите. Од друга страна педијатарот Александар Сајковски не потсетува дека колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители за болести. Сепак престојот надвор да биде ограничен на одредени временски интервали, а веднаш потоа децата да се затоплат.

Останатите совети се да се облечат  децата онака како што се облечени и родителите, а на бебињата им треба еден слој облека повеќе отколку на нив.

Секако овие ниски температури кои ја зафатија Македонија ги мобилизираа и здравствените институции, кои соодветно одговорија на потребите на граѓаните. Бидејки само во Скопје има околу 3.400 интервенции за изминатиов период. Доктор Татијана Баевска Вучковиќ не информира дека за време на овие минусни температури 8 мобилни екипи остануваат дежурни на терен.

Од Министерството за здравство во континуитет ја следат состојбата со студеното време, па препорачуваат бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работа, а работниците кои работат на отворено да работат од 10 до 16 часот со повремени паузи.

Елена Равановска