Новинарството не е криминал!

ТВ Нова може да биде репресирана и прогонувана, но ќе остане слободна, објективна и на страна на граѓаните.

Телевизија Нова деновиве се соочува со незаконски притисок од страна на СЈО кој не може да се протолкува никако поинаку освен како обид за цензура и обид за замолкнување на слободните медиуми.

Целта на поведената истрага и неоснованото барање за притвор против сопственикот на ТВ Нова е обид за финансиска блокада на медиумот преку која би се влијаело на нашата работа и би се обиделе да нѐ замолкнат во нашите напори објективно да ја информираме јавноста за се што се случува.

Тоа што го прави СЈО во моментов е сериозно погазување на демократијата и ограничување на слободата на медиумите. Денес на удар на СЈО е ТВ Нова, а утре на ваков удар може да биде кој било медиум.

Да се биде новинар не е криминал, затоа ни е потребна вашата солидарност.