Одбележана 17-годишнината од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак

Претставници од општината Гази Баба, заедно со родителите на загинатите полицајци од 2000 година во Арачиново, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, денеска одбележаа 17 години од нивното загинување.

Цвеќе пред споменикот на бранителите кој се наоѓа во кругот на полициска станица Гази Баба во Автокоманда положија и нивни роднини и пријатели, а почит оддадоа и претставници од 5-та полициска станица.