Османи: Неопходен е македонско-албански дијалог за овие прашања

Многу прашања бараат и двотретинско мнозинство, што значи вклучување и на Македонците двете партии и на албанските две партии. Затоа јас реков дека неоппходен е македонско-албански дијалог по однос на овие прашања, изјави во „Аргументи“ со Љубиша Николовски Бујар Османи од ДУИ.

Османи вели дека за овој дијалог е потребен внатреалбански консензус, се разбира и внатремакедонски консензус и дека треба да бидеме свесни оти овие прашања ја обременуваат државата.

„Овие прашања доколку се решат на никој начин не ја загрозуваат ниту иднината на државата, ниту иднината на Македонците. Туку се вентил за државата да може да оди напред, затоа што ниеден македонски интерес не е загрозен со имплементирањето на Рамковниот договор“, рече Османи.

„Овие прашања се всушност заокружување на поглавјето наречено Охридски рамковен договор“ додаде Османи.