Отворен ден за медиумите во природниот резерват Јасен

Денеска во природниот резерват Јасен се организира отворен ден за медиумите кои ги придружува директорот Оливер Андонов.

Тој истакна дека основната улога на резерватот Јасен е стопанисување со природните целини кои спаѓаат под Јасен, а тоа се делови од Караџица, Даутица, три-те езера Козјак, Св. Петка и Матка, како и целото подрачје на сливот на реката Оча.

„Стопанисувањето се однесува на искористување на природните ресурси од шумарството, диви и шумски плодови, чаеви, одгледување на крупен, ситен и пердувест дивеч, риболовсто, како и стопанисување со аквакултурата“, изјави Андонов.