Попоски оствари средба со претставници од Бошњачката заедница

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска оствари средба со претставници на Здружението за културно обединување на Бошњаците од Република Македонија АВАЗ, предводени од потпретседателот на Здружението, пратеникот во Собранието на Република Македонија, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката на водењето на преговорите за склучување договор на Владата на Република Македонија со Владата на Босна и Херцеговина за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји, за која МНР и АВАЗ се залагаа во изминатиот период.

Наскоро, овој договор ќе им овозможи на државјаните на двете земји меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај.

Во таа насока, се истакна интересот за унапредување на односите помеѓу Република Македонија и Република Босна и Херцеговина, што ќе резултира со одржување на претстоен визнис форум помеѓу двете земји на 19 април во Скопје, на кој ќе учествува претседателот на БиХ, г-дин Младен Ивањиќ.