Попоски за ТВ НОВА: Политичката криза нè чинеше скапо во поглед на ЕУ и НАТО

poposki

Политичката криза ни наплати највисока цена во поглед на ЕУ и НАТО интеграциите, изјави во интервју за ТВ НОВА, Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Орагнизиравме фер и демократски избори. Изборите беа првиот предуслов за да ги актуелизираме прашањата на задоцнетото членство на Македонија во НАТО и активирање на европската агенда во процесот на преговори за членство во ЕУ. Имаме позитивна препорака од 2009-та година. Подолг временски период тоа се одложуваше поради блокадите што ги имавме во рамки на советот и неможноста сите земји членки да се согласни. За отстранување на тој проблем со Грција работиме на мерки за градење на доверба, со цел да се намалат тензиите и да елеминираме изговори за немање на добрососедски односи со Грција. Никој не може да оспори дека Македонија е добар сосед“, изјави Попоски.

Тој додаде дека што се однесува до вториот аспект на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, тука политичката криза ја чинеше скапо нашата земја.

„По спроведувањето на изборите мораме да ја отвориме вратата и Македонија да ги започне процесите на приговори за членство и да се посветиме на поглавјата 23 и 24 поврзани со владеењето на правото. Реформите во тој дел ќе бидат најмногу акцентирани“, изјави Попоски.

Целото интервју во прилог.