Попоски: Во пракса покажавме дека можеме да се сносиме со бегалската криза

Во пракса покажавме дека можеме да се сносиме со бегалската криза, дури и во оние моменти кога беше најтешко, изјави Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за ТВ НОВА.

„Македонија ја затвори границата во правец на спречување на нелегални премини и воспоставување на систем за регистрација на сите оние кои поминуваат по балканската рута. Имаше многу скептици, велеа дека Македонија тоа не може да го направи бидејќи многумина други не го напрвија, вклучително и земји членки на Европската Унија. Ние во пракса, при најголемиот наплив, во услови кога имавме 10 до 14.000 мигранти дневно на границата, успеавме да воспоставиме систем. Овој систем потоа го надградивме и денес имаме соработка и со Грција во однос на ова прашање. Би рекол дека дневната соработка што се случува меѓу нас и грчките служби е пример за секоја друга гранична линија по овој коридор на балканската рута. Сега сме во подобра ситуација, и Грците сфатија дека работиме во интерес на сите во балканската рута, а денес имаме и конкретна собработка со поголем број европски земји членки кои имаат испратено полициски сили кои работат заедно со македонските полицајци за обезбедување на нашата гранична линија со Грција“, изјави Попоски во интервјуто.