Поповски: Изминатиот мандат реализирани 116 проекти, вредни околу 4,6 милиони ерва

Кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ Игор Поповски денеска информираше за сработеното во неговиот четиригодишен мандат и притоа истакна дека за тој период се реализирани 116 проекти, со вкупната вредност од околу 4.600.000 евра.

Во Пехчево, рече, има уште многу работа и затоа како кандидат за градоначалник, нудам нова реална програма направена врз реалните потреби и можности на општината.

– Ќе издвојам дел од проектите предвидени во програмата како изградба на игралиште за баскет во спортската сала „Јане Сандански“ -Пехчево, изградба на тениско игралште, градски базен, скејт парк, реконструкција на игралиштето во туристичката населба Равна Река, изработка на ДУП за Пехчево во фази, изработка на ГУП на Пехчево, подготовка на регионални планови за управување со отпад, реконструкција на кејот на Пехчевска Река во градот и регулација на нејзиното корито…, истакна Поповски на денешната прес-конференција.

Додаде дека ова е само дел од проектите предвидени во програмата во која, како што рече, секогаш има место за нови проекти на идеите од граѓаните.

– Денешниот изглед на општината, не е заслуга само на неколку луѓе, тој е заслуга на сите нас, граѓаните, кои покажавме и докажавме дека ако општината се сака, може многу да се нарави за неа. Затоа, ве повикувам на 15 октомври да излезете масовно и да заокружите број 13, за мене Игор Поповски за градоначалник, за Новата ера во Пехчево, и да ја поддржите и советничката листа со реден број 13 од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подбра Македонија, истакна Поповски.