Порака од Унгарија: Македонија и Албанија што е можно побрзо да отпочнат преговори со ЕУ

Унгарија сака Европска унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

– Сакаме датум за отпочнување на преговори за Република Македонија и за Албанија најдоцна во првиот квартал од 2018 година, изјави  Сијарто, кој е и домаќин на Форумот во Будимпешта.

Тој истакна дека забрзувањето на процесот на присоединување е гаранција за безбедноста, истакна Сијарто на прес-конфернецијата со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.

– Нестабилен и тензичен Западен Балкан е ризик за цела Европа. Ние имаме барања поврзани со тоа, наведе Сијарто.