Пожар беснееше на влез од Скопје, сега се интензивира поројниот дожд (ВИДЕО)

Голем пожар беснееше на влезот од Скопје кај населбата Хиподром.

Командирот на Противпожарната бригадата, Ѕвонко Томевски за ТВНова рече дека пожарот бил изгасен уште пред да заврне дождот.

Пожари денеска го зафатија и Охрид, односно дворот од некогашната касарна „Михајло Апостолски“.

Пожарот предизвика голема вознемиреност кај локалното население, а има опасност оганот да се префрли и во дворовите на куќите кои се наоѓаат во близина.

Вечерва пак, се интензивираат поројни дождови и се очекува да наиде нестабилна возудушна маса, грмежи, силен ветер и електрични празнења, локално и во форма на невреме, соопшти УХМР.

Управата за хидрометеоролошки работи попладнево соопшти дека нестабилна воздушна маса доаѓа од албанското подрачје и се придвижува кон Македонија.

Нестабилна облачност има во југозападниот дел од државата и зафатени се Охридско-струшкиот и Дебарскиот регион. УХРМ најави невреме со интензивен дожд, грмежи, појава на град и силен ветер и во шарпланискиот регион.

Во вечерните часови се очекува нестабилното време да ја зафати целата држава.