Претседателот Иванов до 9 јануари треба да го довери мандатот за формирање влада

влада

По конституирањето на новото собрание, односно верифицирањето на мандатите на сите 120 избрани пратеници, се исполни законскиот услов да почне да тече рокот за формирање влада. До 9 јануари претседателот Ѓорге Иванов треба да му го додели мандатот на кандидатот на партија или на партии коj ќе успее да собере 61 потпис дека има мнозинство да формира влада.

Мандатарот во рок од 20 дена до Собранието поднесува програма и го предлага составот на владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако во тој период мандатарот не успее да состави влада, тогаш се повторува целата постапка со друг мандатар.

На предвремените парламентарни избори на 11 декември коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ во коалиција со граѓански активисти освои 49 мандати, ДУИ – 10, движењето Беса – 5, Алијансата за Албанците – 3 и ДПА – две пратенички места.