Продолжуваат протестите на ТВ Нова пред СЈО

Продолжуваат протестите на Телевизија Нова во знак на револт против притисоците што Специјалното јавно обвинителство ги врши врз медиумот преку политички прогон врз нејзиниот сопственик. Поддршка за работата на ТВ Нова стигна и од претседателот на партијата на Бошњаците, Зеќир Рамчиловиќ, којшто истакна дека СЈО врши класичен притисок врз телевизијата.

Рамчиловиќ истакнува предметот отворен од СЈО е политички монтиран процес со којшто сака да се нанесе штета и врз Бошњачката заедница и врз слободата на медиумите.

Пета недела  вработените на ТВ нова со поддршка од вработените на компаниите на Кочан и граѓани секојдневно мирно протестира од 13 до 14 часот. Поддршка за работата на ТВ Нова секојдневно пристигнува од колеги новинари, аналитичари, уметници, универзитетски професори, граѓански здруженија и гледачи на телевизијата.

Андреа Сибиновска