Променливо облачно со температури до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со температура до 19 степени.

До четврток времето се очекува да биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во среда се очекуваат обилни врнежи од дожд особено во западните, а попладнето и во источните делови. Во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.