Протест пред СЈО за притворот на сопственикот на ТВ Нова

Од денеска Телевизија Нова секојдневно ќе одржува едночасовен протест поради барањето да се одреди притвор на сопственикот на телевизија нова, Сеад Кочан. Протестот ќе се одржува во периодот од 13 до 14 часот на разни локации. Денеска е пред СЈО, институцијата која го креираше случајот „Труст“.

„Дојдовме тука затоа што сметаме дека под притисокот на СЈО е донесена одлуката за притвор на г. Кочан“ рече претседателот на Здружението на Бошњаците „Аваз“ и додаде дека СЈО и целата македонска јавност треба да разберат дека се работи за класичен политички притисок врз медиумот чиј сопственик е г. Кочан.