Реакција на Министерството за здравство на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со информацијата дека наводно, пред два дена на Клинички центар е однесено 25-26 годишно девојче, кое по кратка евалуација е пуштено дома и истото попладне починува од пукнато слепо црево и труење на крвта, информираме:

До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент.

Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ како партија веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат, до Министерството за здравство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во спротивно сметаме дека станува збор само за грубо манипулирање на јавноста.