Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

СДСМ реагира на прес-конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и велат дека партијата е во последната одбрана на режисмот на Никола Груевски.

„Кандидирањето на старо-нови крадоначалници кои успешно го следат примерот на Груевски за криминално и расипничко владеење, уште еднаш докажа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ е длабоко навлезена во криминал и се уште не може да се ослободи од стегите на Никола Груевски и Сашо Мијалков. Коце Трајановски и Тони Трајковски се типични крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои работат како продолжена рака на нивниот шеф Никола Груевски кои не се грижат за граѓаните, туку единствено за нивните коруптивни интереси. Најголемото достигнување на Трајковски е што по нарачка на Груевски и Јанакиески одмазнички и противзаконски рушеше објекти, како што самиот Груевски кажа „со динамит“. Трајановски ќе остане запаметен како најголем уништувач на градското зеленило и дрвата во Скопје и како исполнувач на желбите на Никола Груевски. Неодговорното и расипничко владеење на Трајановски го остави Скопје со екстремно загаден воздух, нездрава животна средина и со урбанистички и сообраќаен хаос, додека истовремено трошеше милиони евра народни пари за лажни градски плажи, врби, палми и панорамски тркала, само за да ги задоволи желбите и криминалните апетити на неговиот шеф Никола Груевски“, стои во писмената реакција на СДСМ.