СДСМ: Новата Влада транспарентно ја известува јавноста за секое задолжување

Никој во историјата на независна Македонија не направил толкави штети врз економијата како што тоа го правел ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишното криминално и расипничко владеење, реагираат од СДСМ на изјавата на Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањата на новата Влада.

Од СДСМ истакнуваат дека за разлика од власта на ВМРО-ДПМНЕ која се задолжувала тајно и неконтролирано и го криела јавниот долг кој достигнал и над 50 проценти од БДП, новата Влада за секое задолжување, транспарентно ја известува јавноста и дека секој преземен чекор е во согласност со интересите на граѓаните.

– Парите набавени од скапите заеми се трошеа за луксуз, скапи споменици, лажен барок и криминално богатење на поединци. Заради таквото неконтролираното и прекумерно задолжување на граѓаните и нетранспаретното раководење на јавните финансии, кредитните агенции, како Стандард и Пурс го намалија кредитниот рејтинг на земјата, а заради лошите економски политики Македонија плаќа едни од највисоките каматни стапки за задолжувањата на меѓународните пазари, се вели во ракцијата.

Во неа се додава дека е завршено времето на децениското расипничко и нетранспарентно трошење на буџетските средства и оти за сите злоупотреби на пари на граѓаните, ќе следува одговорност