ШАПУРИЌ: Домашните инвеститори да имаат исти услови како и странските

Домашните компании ќе бидат стимулирани поеднакво како и странските, вели Зоран Шапуриќ, актуелен Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

– Она што важи за странските да важи и за домашните инвестиции во голем дел. На пример, ако инвестира во нова инвестиции да има 11% ослободување на десет години од персонален данок. Деновиве ќе биде финализирана оваа цела проекција и за домашни и за странски инвестиции – вели Шапуриќ во вечерашната емисија „Аргументи“.

Тој рече дека на новата влада сè уште приоритет ќе и бидат странските инвестиции, но да бидат реални со продуктивни работни места.

Шапуриќ посочи дека обемот на соработка меѓу странските и домашните инвестиции сега е на минимум и во иднина ќе се обидат да биде на повисоко ниво.