ШАПУРИЌ: Приоритет ќе останат странските инвестиции

Ориентациите на новата реформска влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, еден од главните приоритети е поттикнување на домашните инвестиции, вели Зоран Шапуриќ, актуелен Министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Тој во вечерашното издание на „Аргументи“, каде што темата е „Домашните наспроти странските инвестиции“ вели дека развојот на домашната економија ќе биде во фокусот на новата влада. Тој додава дека нема да бидат прекинати договорите со странските инвеститори што ги договорила претходната влада.

– Се работи на сет-мерки и оваа Влада е заинтересирана и понатаму за странските инвестиции, тие се секогаш добредојдени. Но, реакциите на домашните компании беше ако добијат барем една третина од субвенциите што ги добиваат странските компании, немаше да ги затворат погоните во конфекциската, чевларската индрустрија. Приоритет остануваат странските инвестиции, но реални кои ќе обезбедат продуктивни работни места – вели Шапуриќ.