Шекеринска за изборите во САД: Волјата на граѓаните не може да се заобиколи

Во врска со победата на Доналд Трамп, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска истакна дека поддршката од медиумите не е доволна кога народот ја изразува волјата.

-Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија. Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи, истакна утрово Шекеринска.