СИЛЈАНОВСКА: Законот за јазици излегува од Уставните рамки (ВИДЕО)

Владата го објави предлог-законот за употребата на јазиците. Тој има третман на Закон важен за Европските интеграции, што значи ќе се усвојува во скратена процедура, односно по тридневна расправа во Собранието.

Професорката по Уставно право и политички систем Гордана Силјановска – Давкова вели дека Законот за јазици излегува од Уставните рамки, но е надвор и од Рамковниот договор.