Средба Ахмети – Пломп: ДУИ е свесна дека е пред тешки одлуки

ahmeti-plomp

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Холандија во Македонија, Вилем Воутер Пломп со кого разменија мислења за ситуацијата по изборите на 11-ти декември и за иднината на земјата.

Како што соопшти партијата, Ахмети истакнал дека ДУИ внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат во блиска иднина земајќи ги предвид создадените околности.

– Ахмети нагласи дека јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост и интеграцијата остануваат приоритети, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста. ДУИ е посветена на остварувањето на својата политичка програма во согласност со очекувањата на граѓаните во овие тешки и предизвикувачки времиња, стои во соопштението.

Ахмети, се посочува, зборувал и за потребата за подготвување и одобрување на заедничка политичка платформа на албанските парламентарни партии, како и дека ДУИ останува посветена и целосно отворена за да се постигне успех во оваа исклучително важна иницијатива.